203
Баерн Минхен до крајот на преодниот рок сака да се раздели со неколку фудбалери, медиумите шпекулираат дека на продажба се дури 8 фудбалери.
„Баварците“ ова лето започнаа нов проект со Винсент Компани на кормилото. Беа купени Мајкл Олисе, Жоао Палиња и Хироки Ито, а се меркаат уште неколку имиња.
Во исто време, „баварците“ сакаат да направат чистка и да се разделат со играчи на кои не сметаат сериозно.
Први на листата за отстрел се Горецка, Де Лихт, Мазрауи, Коман и Кимих.
Баерн Минхен исто така е подготвен да седне на преговори доколку доби добри понуди и за Сане, Гнабри и Дејвис.