Баерн Минхен пак
го преминува стариот рецепт за продолжуање на доминацијата во Бундеслигата. Како и речиси секое лето, на Алианц Арена треба да пристигнат најдобрите играчи на
ривалите од Германија.
Неколку извори
пренесуваат дека „Баварците“ го капарисале Бенжамин Павар, кој одличната сезона
во дресот на Штутгарт ја круниса со извонреден настап на мундијалот каде стигна
до златото со Франција.
Во неговиот
договор има клаузула спред која тој може да замине за 35 милиони евра во 2019.
Баерн сигурно ќе ја искористи оваа опција но шампионот на Германија ја
разгледува можноста уште сега да го донесе дефанзивецот во своите редови, па
макар тоа да значи на Штутгарт да му доплатат некој милион повеќе.
На листата со
желби се наоѓа уште еден фудбалер кој играше во финалето на Светското првенство,
односно Анте Ребиќ. Хрватот исто така имаше одлична сезона во Ајнтрахт
Франкфурт, а потоа воодушеви со својата борбеност во Русија и го привлече
вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Манчестер јунајтед.
Се говори дека
неговиот агент, Фали Рамадани веќе отпатувал за Минхен на средба со лидерите на
Баерн. Се споменува трансфер вреден помеѓу 40 и 50 милиони евра.