Баерн на мака, Кимих добил топ понуда од европски гигант

by bojan
1 минути читање

Како што пренесуваат медиумите од Германија, ПСЖ минхен доставил топ понуда за Џошуа Кимих и соработка до 2029, фудбалерот сега ќе одлучи дали ќе остане во Минхен или ќе се пресели во Париз.

Минатата недела, Баерн Минхен на големо изненадувње реши да ја повлече понудата за нов договор која му ја достави на Џошуа Кимих.

Двете страни и понатаму водат преговори, но ова беше сигнал за останатите клубови да тргнат во офанзива.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, ПСЖ повлекол чекор и доставил топ понуда за Џошуа Кимих и соработка до 2029 година.

Во моментов, Германецот ниту ја има прифатено понудата на „светците“, ниту пак ја има одбиено.

Се говори дека фудбалерот во следните денови ќе одржи нова рунда преговори со Баерн по што ќе одлучи дали ќе остане во Минхен или пак ќе се пресели во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани