Во последниот ден од преодниот рок Антони потпиша за Бетис, бразилскиот фудбалер се врати како мега ѕвезда во шпанскиот клуб и ги воодушеви фановите.
Позајмицата на Антони во Бетис помина перфектно, по што и двете страни инсистираа на перманентен трансфер, на крајот тоа и се случи.
Антони рече дека единствен клуб за кој сака да потпише е Бетис, па иако имал понуди од поголеми клубови за многу поголема плата, си го одржа зборот кон тимот од Андалузија.
„Зборував со Баерн Минхен ден пред да биде се готово со Бетис. Не знам дали платата беше колку што се пишува, не зборував за тоа. Но кога зборував со нив им реков дека имам дадено збор на Бетис и дека 95% е финализирана работата и дека ќе си го одржам зборот. Од почит, наклонетост и сознанието дека сум среќен тука. Се чувствувам смирено што ја донесов оваа одлука со сето должно почитување кон Баерн Минхен, еден од трите најдобри клуба во светот. Не знам што ќе се случи во иднина“, рече Антони.