Баерн можеби ќе размисли: За Кејн пристигнува понуда од 300 милиони евра!?

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн игра во одлична форма сезонава во дресот на Баерн и веќе постигна 17 погодоци на осум натпревари.

Неговиот договор со германскиот гигант има важност до 2027 година, а имајќи предвид дека има 32 години не се поврзува многу со други клубови.

Но, денеска се појави таква информација и тоа во реномираниот „Билд“.

Наводно, Ал Хилал изразил желба да го доведе во своте редови и подготвени се да понудат сума од неверојатни 300 милиони евра, додека на Кејн му нудат договор на три години.

Во текстот се потсетува и дека ова не е првпат истиот клуб да се обиде да го доведе англискиот голгетер бидејќи покажуваа интерес и во 2023 година.

Сепак, Кејн во овој момент е фокусиран само на Баерн и среќен е во клубот, па не се очекува да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×