Баерн Минхен во првиот натпревар од 2025 година постигна шест гола

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Баерн Минхен по божиќната пауза се врати на активностите со пријателски натпревар против Салцбург и во него славеше победа од 6:0.

Баерн одигра доминантно и постигна по три гола во двете полувремиња. Резултатот го отвори Дајер по десет минути игра, а во 24. и 28. погодуваа Милер и Олисе.

Во второто полувреме Олисе постигна втор гол за 4:0 за потоа да стрелаат Кимих и Асп-Јенсен.

Баерн со натпревари во Бундеслигата се враќа на 11 јануари кога ќе игра против Менхегладбах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани