Баерн Минхен во голем стил ја завери шампионската титула во Германија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен ја слави 27. титула во најдобрата германска лига откако на три кола пред крајот направи недостижна предност пред Лајпциг.

Баварците со убедливи 6-0 победија на гостувањето кај Волфсбург. Два гола беа дело на Левандовски, по еден постигнаа Алаба, Робен, Милер и Кимих.

На три кола до крајот, Баерн Минхен направи предност од десет бодови пред Лајпциг кој е големо изненадување во Бундеслигата.

Баерн Минхен има и историски момент во оваа круна, стана првиот германски тим кој пет пати по ред е шампион на својата земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани