171
Баерн Минхен пред
извесен период стави јасно дознаење дека не постојат никакви шанси Алексис
Санчез да направи трансфер во тој клуб, бидејќи Чилеанецот не е класичен
напаѓач, токму тоа го бараат Баварците веќе подолг период.
Французинот Оливие Жиру
се споменува како идеална опција за тимот од Минхен, а тој е на излезна врата
од Арсенал по доаѓањето на Александре Лаказет.
Жиру беше на чекор до трансфер во Евертон изминатиот преоден рок, но наводно во последен момент се повлекол од преговорите.
Инаку, Левандовски на 11 настапи во Бундеслигата има постигнато исто толку и погодоци, но во само еден месец заработи две повреди од кои отсуствуваше девет дена.