Баерн Минхен со 3-1 го совлада Спортинг Лисабон, но за да почне да дава голови, прво требаше да прими еден.
Долго време немаше погодок на мечот, конечно по девет минути игра во второто полувреме резултатот беше отворен, Кимих си постигна автогол за водство на Спортинг од 1-0.
Баварците брзо се совземаа од негативата, и десет минути подоцна преку Гнабри израмнија на 1-1.
Пресвртот дојде уште побрзо, во 69. минута младиот Карл даде гол за комплетен пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Та во 77. минута од натпреварот.
По шест одиграни кола Баерн има пет победи и еден пораз, Спортинг има три победи, едно реми и два порази.