199
Милер се врати во форма под водство на Флик, напаѓачот повторно е среќен, а тоа го искористи Баерн Минхен и го обврска на договор до 2023 година.
„Баерн Минхен и Томас Милер го продолжуваат своето долго партнерство. По конструктивните и позитивни преговори, клубот и напаѓачот се договорија за двегодишно продолжување на актуелниот договор, новиот ќе биде со траење до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на Баерн Минхен.
На сликата од презентацијата на договорот се гледа како Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан стојат на дистанца од Милер почитувајќи ги препораките во време на коронавирус.