Иднината на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед повторно е неизвесна, откако португалскиот репрезентативец сериозно размислува за промена на средината поради континуираните неуспеси на „Олд Трафорд“.
Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да испрати понуда од 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Баварците го гледаат Фернандеш како клучно засилување во борбата за домашни и европски трофеи.
Манчестер Јунајтед не планира лесно да се откаже од својот капитен, но ваква сума би можела да отвори простор за преговори.
Фернандеш нема намера да форсира трансфер, но е отворен за опција што ќе му овозможи да се натпреварува на највисоко ниво, а наредните недели се очекуваат како клучни за развојот на ситуацијата.