Баерн Минхен одбиен од шестиот тренер… па и од седмиот

by bojan
2 минути читање
Баерн Минхен

„Баварците“ мака мачат да најдат нов тренер, негативен одговор сега добиле и од Роберто Де Зерби и од Роџер Шмид.

Кога Баерн Минхен во февруари соопшти дека ќе ја прекине соработката со Томас Тухел по крајот на сезоната, веројатно никој не веруваше дека клубот од „Алианц Арена“ ќе има толку многу проблеми да најде нов тренер.

„Баварците“ прво беа одбиени од Чаби Алонсо, па и од Јулијан Нагелсман. Кога мислеа дека конечно најдоа нов предводник, Ралф Рангник се предомисли во последен момент и кажа НЕ.

Раководството на клубот потоа беше шокирано кога Кристал Палас им побарал 100 милиони евра за да дозволи Оливер Глазнер да седне на кормилото на „Алианц Арена“.

Кога им се затворија сите овие врати, Баерн Минхен почна да го моли Томас Тухел да остане, и стратегот прифати, но работата се изјалови на крајот, па и тој ги одби.

Роберто Де Зерби потоа беше посочен како нов фаворит, Италијанецот и Брајтон синоќа се договорија да ја прекинат соработката, но и тој нема да биде нов тренер на Баерн Минхен, наводно двете страни решиле да се повлечат од финални дискусии поради различни причини.

Има е седмо име кое му кажало НЕ на Баерн Минхен, станува збор за Роџер Шмид, кој оваа недела ги известил „баварците“ дека останува во Бенфика.

Па раководството на Баерн Минхен сега ќе води нови интерни дискусии за тоа кој е најдобриот кандидат за нов тренер, дали да изберат млад тренер, или пак да се одлучат за некој искусен. Во клубот има струија која и понатаму смета дека Ханси Флик е добро решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани