Според информациите кои
пристигнуваат, се вели дека германскиот првак Баерн Минхен во јануарскиот
преоден рок ќе има нов обид да се засили со Чилеанецот од редовите на Арсенал,
Алексис Санчез.
Познато е дека сериозен
ривал на Баерн Минхен во обидите да се засили со Санчез ќе биде Манчестер Сити
кој веќе има преговори со Арсенал, а тимот од Лондон сака десет милиони фунти
повеќе во однос на понудата на Сити која изнесува не повеќе од дваесет милиони
фунти.
Актуелниот важечки
договор на Чилеанецот со тимот од Лондон истекува идното лето, тој дефинитивно
ќе си замине од Арсенал ако се земе во предвид дека пропаднаа преговорите околу
продолжување на соработката помеѓу обете страни, а останува само отворено
прашањето кога ќе го стори тоа.