Германски Билд пренесува дека Баерн Минхен наскоро на маса ќе стави 90 милиони евра за ангажман на Луис Диаз од Ливерпул, се верува дека оваа понуда ќе биде доволно за трансфер на Колумбиецот.
Ливерпул на почетокот од оваа недела одби 67,5 милиони евра од Баерн Минхен за Луис Диаз, но се чини дека „црвените“ нема да можат да го одбијат последниот предлог на шампионот на Германија.
Како што пренесува Билд, во следните денови, а можеби и во следните часови, „баварците“ на маса ќе стават 90 милиони евра.
Луис Диаз не сака да потпише нов договор со Ливерпул, веќе си има подадено рака со Баерн за плата од 14 милиони евра по сезона, па за очекување е клубот од „Енфилд“ да седне на финални преговори и да ги испегла деталите за трансфер на напаѓачот во Минхен.
ФОТО: X/Liverpool FC