Баерн Минхен можел да го ангажира Ламин Јамал, но им се видело многу 5 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Новинарот Кристијан Фалк открива дека Баерн Минхен во 2022 се обидел да го ангажира Ламин Јамал, биле потребни 5 милиони евра, но „баварците“ одбиле да платат таква сума за момче кое немало ниту 16 години.

Ламин Јамал во дресот на Барселона и Шпанија прерасна во новата фудбалска ѕвезда и собори еден куп рекорди, но малку фалело неговата приказна да биде поинаква и тој да игра во дресот на Баерн Минхен.

Како што пренесува новинарот Кристијан Фалк, во февруари 2022 година, тогашниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ во Мадрид одржал средба со агентот Иван де ла Пења, со кого се познавал од деновите кога двајцата биле фудбалери.

Состанокот бил закажан за да се опипа терен за ангажман на Гави, но популарниот Брацо ја искористил оваа прилика да се распраша и за трансфер на Ламин Јамал.

Средбата поминала добро, а Салихамиџиќ се вратил во Минхен со верување дека се на прав пат да го ангажираат Ламин Јамал.

Но во меѓувреме се промениле работите, познатиот агент Жорж Мендеш го земал момчето под своите закрила и кон крајот на 2022 година го известил Хасан Салихамиџиќ дека ќе треба „убедување“ на родителите во форма на исплата од 5 милиони евра.

Хасан Салихамиџиќ ова го пренел до раководството на Баерн Минхен, на бордот овие 5 милиони им се виделе многу за момче кое немало ниту 16 години, па почнале да калкулираат, сметале дека имаат време до летото во 2023 кога Ламин Јамал ќе можел да направи трансфер.

Но нивната скржавост и колебање на крајот им се удира од глава, Ламин Јамал во април 2023 дебитира за Барселона со 15 години, 9 месеци и 16 дена, и се друго понатаму е историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×