232
„Баварците“ се во преговори со Луиверпул и Штутгарт за ангажман на Луис Диаз и Ник Волтемаде, ќе бидат потребни околу 150 милиони евра за ангажман на двајцата фудбалери.
Баерн Минхен се обидува да стигне до потписот на Луис Диаз и Нико Волтемаде, но Ливерпул и Штутгарт се покажаа како тешки преговарачи.
„Црвените“ веќе одбија предлог вреден 67,5 милиони евра, и бараат најмалку 80 милиони евра за да да почнат да размислуваат за продажба.
Што се однесува до Нико Волтамаде, Штутгарт веќе одби две понуди, последната 50+5 милиони евра.
Популарните „шваби“ не сакаат да слушнат за предлог помал од 65 милиони евра, па „баварците“ ќе треба да бркнат подлабоко во џебот за да го засилат тимот.