Баерн Минхен
според информациите кои ги објави Билд ги поставил Антоан Гризман од Атлетико
Мадрид и Пауло Дибала од Јувентус на врвот на листата на желби.
Иако составот на
германскиот првак за новата сезона е веќе сосема јасен и во истиот нема да има
промени, сепак, Баварците уште сега си поставуваат трансфер цели за идното
лето.
Бундеслигашот ќе
мора да ги замени Франк Рибери и Архен Робен со добри и квалитетни засилувања
доколку сака да продолжи на победничките патеки, тие обајцата веќе се во свои
35, односно 34 годишна возраст, а несомнено дека Гризман и Дибала се фудбалери
од висок калибар.
Информациите
велат дека Гризман е поголем приоритет од Дибала, а Аргентинецот ќе биде опција
доколку освојувачот на светската титула од Мундијалот во Русија биде невозможна
мисија.