Баерн Минхен го потврди најпроблематичниот трансфер ова лето! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во самиот финиш од преодниот рок Баерн Минхен го промовираше засилувањето во нападот, Николас Џексон кој пристигна од Челси.

На овој трансфер му претходеше долга сага. Челси и Баерн Минхен пред неколку дена си подадоа рака, но потоа почна драмата.

Џексон беше во Минхен за да ги помине медицинските прегледи и да го потпише договорот со Баерн, но тогаш доби повик од Челси да се врати назад во Лондон.

Се повреди Лиам Делап, па поради тоа Челси сакаше да го откаже трансферот и да го врати напаѓачот на Стемфорд Бриџ.

Но, Џексон и неговиот агент не сакаа ниту да слушнат за враќање. Тие на Челси му порачаа дека ќе останат во Минхен и инсистираа трансферот да биде комплетиран.

На крајот Челси попушти, врати друг напаѓач на Стемфорд Бриџ, а го остави Џексон да го комплетира трансферот во Баерн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×