Баерн Минхен е виновникот за пропаднатиот трансфер на Кутињо во Барселона?!

by
1 минути читање

Филипе Кутињо беше најголемата трансфер сага во
изминатиот летен преоден рок, тој направи се
што можеше да добие дозвола од клубот да премине во
редовите на Барселона, но Ливерпул остана на своето.

Сепак, германски „Билд“ пренесува една мошне интересна
сторија за која вели дека била одлучувачка причина за тоа зошто Кутињо не се
преселил во Барселона ова лето.

Во сенка на интересот на Барселона за Кутињо, Ливерпул
летово силно загризал за фудбалерот на минхенски Баерн и германски
репрезентативец, Томас Милер, а тимот од „Енфилд Роуд“ со оглед на тоа што
требаше да добие најмалку 100 милиони евра за Кутињо, ангажирањето на Милер од
финансиска гледна точка не требаше да биде проблем.

Но, Баерн го одбил Ливерпул, па така Кутињо морал да
остане на Островот, а во целата оваа ситуација „настрада“ Барселона која потоа
го купи Дембеле од Борусија Дортмунд за неверојатни 150 милиони евра, истиот
веднаш се повреди и ќе биде вон фудбалските терени подолг период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани