Унион Берлин го изненади Баерн Минхен и успеа да му откине бодови (1-1) во натпреварот од 26. коло на Бундеслигата. Долго домаќинот парираше и го држеше стартниот резултат, а Лерој Сане во 75. минута донесе предност од 0-1. Сепак, со погодокот на Холербах девет минути подоцна Унион успеа да освои голем бод против фаворитот.
Во ефикасен натпревар со шест погодоци Борусија Менхенгладбах го совлада Вердер Бремен (2-4). Поведе гостинот со два тола на Алесане Плеа, а потоа Шмид и Андре Силва израмнија пред паузата. Одново Плеа беше човекот кој ја врати предноста на Менхенгладбах, за на крај да асистира и при четвртиот гол кој го постигна Клајндинст.
Минимална победа забележа екипата на Аугсбург на домашниот меч со Фрајбург, а нерешени 2-2 одиграа Мајнц 05 и Фрајбург.