Баерн ја краде метата на Барселона, ќе го спречи Јамал да игра со омилениот соиграч!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен силно е заинтересиран за Нико Вилијамс, фудбалерот на Атлетик Билбао.

Минатото лето долго време Вилијамс се поврзуваше со заминување од Баскија, особено заинтересирана беше Барселона, а навивачите веќе го очекуваа да дојде. На тоа најмногу се радуваше Ламин Јамал кој е добар пријател со Вилијамс и сакаше да игра со него и на клупски план.

Овие двајца блеснаа на Европското првенство и беа меѓу главните играчи на Шпанија во походот кон титулата.

Сега Баерн се вклучува во трката, подготвен е да плати до 60 милиони евра за услугите на Нико Вилијамс и останува да видиме дали Атлетик ќе прифати. Потенцијалниот трансфер би се реализирал налето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани