Баерн го „смачка“ и Лајпциг, му даде пет гола на негов терен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Баварците се прејаки за останатите тимови од Бундеслигата, денеска победија на гостувањето кај Лајпциг со 5-1, а губеа по првото полувреме.

Лајпциг поведе со гол на Ромуло Кардосо во 20. минута, со 1-0 за домаќините заврши првото полувреме.

Можеби некои се надеваа дека Баерн тука може да загуби бодови, но второто полувреме беше сосема поинакво.

По пет минути игра во вториот дел Гнабри израмни на 1-1.

Потоа следуваа и голови на Кејн, Та, Павловиќ и Олисе за победа од 5-1.

По 18 одиграни кола Баерн Минхен има 11 бодови повеќе од Борусија Дортмунд која е второпласирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×