Според пишувањата на Кикер, Баерн Минхен и Баер Леверкузен начелно постигнале договор за трансфер на Џонатан Та, но за финализирање на зделката се чека продажба на Матајс де Лихт во Манчестер јунајтед.
„Баварците“ го идентификуваа Џонатан Та како иделано засилување за дефанзивата и имаа два неуспешни обиди да го ангажираат Германецот.
Сепак, конечно е пронајден компромис со Баер Леверкузен, Кикер попладнево објави дека двата клуба начелно постигнале договор за трансфер од 25 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Но за да се реализира зделката, се чека продажба на Матајс де Лихт во Манчестер јунајтед.
„Ѓаволите“ изразија желба да го купат Холанѓанецот во пакет со Нусаир Мазрауи, но во моментов не можат да пронајдат заеднички јазик со Баерн Минхен за сумата потребна за реализирање на двојниот трансфер.
Се очекува во скоро време Манчестер јунајтед да достави нов предлог кој ќе ги доближи двете страни до пронаоѓање дил.