Германскиот шампион Баер Леверкузен потсети на ланските партии и со голем пресврт слави кај Штутгарт (3-4) во 26. коло на Бундеслигата.
Домаќинот има за што да жали бидејќи двапати имаше по два гола предност. Резултатот го отвори Демировиќ во 15. минута со единствениот гол во првото полувреме. Волтемејд на стартот на продолжението удвои на 2-0, меѓутоа Џереми Фримпонг бргу намали на 2-1.
Следуваше автогол на Гранит Џака за 3-1 и брз одговор на Баер преку Хинкапи (3-2).
Првакот во свој стил во завршницата од мечот со автогол на Стилер во 88. минута и погодок на Патрик Шик во 94. стигна до пресврт и три бода.