Баер Леверкузен го сопре залетаниот Баерн Минхен па „фармацевтите“ убаво го истролаа Левандовски (ФОТО И ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако Ханси Флик го превзеде кормилото на „баварците“, шампионот на Германија нанижa четири победи со гол разлика 16-0. Сепак, Баер Леверкузен и Бејли денеска го сопреа залетаниот Баерн Минхен.

Фудбалерот од Јамајка погоди два пати и помогна неговиот тим да слави со 1-2 и да си замине од Алианц Арена со три бода. Домаќините доминираа, креираа голем број на шанси но беа прилично лоши во завршницата. Конечниот исход и неефикасноста беше причина за „фармацевтите“ убаво да го истролаат Роберт Левандовски.

Полјакот, по шоуто во Белград и постигнати четири гола за 15 минути против Црвена звезда во Лигата на шампионите, на социјалните мрежи напиша: „Морам да признам… зависен сум од голови“.

На ова објава, од таборот на Баер сега одговорија: „Ние можеме да помогнеме да го излечиме тоа“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×