Како што пренесува Спорт1, Групацијата Баер дала зелено светло за продажба на Флоријан Вирц на Баерн Минхен, но само за цена од 150 милиони евра.
Изминативе денови често се пишуваше дека Флоријан Вирц си подал рака со Баерн Минхен за преселба на Алианц Арена и се чини дека само прашање на време е кога ќе се реализира еден ваков мега трансфер.
Како што пренесува Спорт1, групацијата Баер дала аман за продажба на Флоријан Вирц на Баерн, генералниот извршен директор Фернандо Каро добил зелено светло да седне на маса со колегите од Минхен.
Но зделката ќе се реализира само под еден услов – „баварците“ ќе треба да одвојат 150 милиони евра.
Во моментов, Баерн Минхен не е подготвен да плати ваква сума, па останува да се види дали ќе биде постигнат некаков компромис.
Претходно, ТЗ објави дека поранешниот генерален извршен директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге ќе се вклучи во преговорите и ќе биде посредник помеѓу спортскиот директор Мак Еберл и Фернандо Каро, бидејќи двајцата не се во добар однос.