Пивото и фудбалот
обично одат заедно но така нема да биде на мундијалот во Катар, откако на два
дена пред почетокот на Светското првенство, домаќините решија да донесат
забрана за точење алкохол на стадионите.
Ова му создаде
големи проблеми на спонзорот Бадвајзер, кој сега ќе треба преку судови да бара
правда и соодветна компензација.
Но компанијата од
Америка очигледно знае како од целата ситуација да си направи добра реклама, па
соопшти дека вишокот пиво кое им остана на залиха по забраната, ќе биде
подарено на освојувачот на Светското првенство.
New Day, New Tweet. Winning Country gets the Buds. Who will get them? pic.twitter.com/Vv2YFxIZa1
— Budweiser (@Budweiser) November 19, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.