Младата македонска фудбалска репрезентација стартуваше со висок и убедлив пораз од Шпанија со 5-0 во првото коло од групата „Б“ на Европското првенство во Полска
за фудбалери до 21 годишна возраст, резултатот по првите 45 минути игра во Гдањск
гласеше 3-0 за победничкиот табор.
Факт е дека
резултатот не ја отсликува реалната слика од мечот, на тоа обрна внимание Давид
Бабунски, нашиот фудбалер кој беше „алфа и омега“ во нашиот состав кој одигра
одличен меч против четирикратниот првак во оваа конкуренција, и кој сигурно има
тим со аспирации за трофеј на турнирот во Полска.
„Ние сме малку
разочарани од резултатот но мислам дека сево ова се случи поради првото
полувреме, игравме одлично, ја имавме контролата на играта и креиравме шанси“
изјави Давид Бабунски по мечот.
„Тоа што ја
направи разликата беа индивидуалните квалитети. Се обидовме да останеме на
нивото на нашата игра, нашиот стил, да останеме високо и да играме со пресинг,
но не беше лесно. Имаме навистина многу позитивни работи кои можеме да
извлечеме од овој меч, сега мораме да почнеме да работиме на поправање на
грешките“ додаде капитенот на нашиот состав.
Избраниците на
Благоја Милевски веќе се со мислите кон соодветната селекција на Србија, против
која ќе ги одмерат силите во вторник во терминот од 18 часот.
Нашиот следен противник во првиот меч денес на програмата загуби од Португалија со 2-0.