Бабунски: Ремито е реален исход за двете репрезентации

by
1 минути читање

Избраниците на
Благоја Милевски ремизираа со резултат 2-2 против Србија во второто коло од
групата „Б“ од Европскиот шампионат во Полска за фудбалери до 21 година.
Македонија иако губеше по првите 45 минути игра со 0-1, во второто полувреме со
два гола во серија направи комплетен резултатски пресврт, но Србија израмни во
90. минута.

Еден од
предводниците на нашиот младински состав, Давид Бабунски, по мечот истакна дека
ремито е поволен исход и реално за обете репрезентации, врз основа на прикажаното
на теренот.

Ова е најтешкото
што можеше да ни се случи. Во првото полувреме тие беа подобри, реално ние
бевме подобри во вториот дел, доколку сумираме нерешениот исход е сосема фер и
коректен за обете репрезентации
“ изјави Бабунски по мечот.

Следен наш
противник е селекцијата на Португалија, мечот е предвиден да се одигра во петок
во терминот од 20 часот и 45 минути во Гдиња.

Во стандардниот
вечерен термин, во дербито на колото од нашата група, се среќаваат Шпанија и
Португалија.

Фото-вест: uefa.com (Архива, Македонија-Шпанија)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани