Бабунски му се заблагодари на неговиот идол Иниеста и објави фотографии од тренинзи со него! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски му се заблагодари на Андрес Иниеста кој стави крај на импресивната фудбалска кариера.

Бабунски е од школата на Барселона, играше за младинските тимови и за вториот тим на Барса, но повеќепати тренираше и со играчите од првиот тим на каталонскиот гигант.

Македонецот преку својот твитер профил му се заблагодари на својот идол и објави две фотографии од тренинзи со него.

„Ти благодарам за се што ни даде на многумина од нас идолу. Андрес Иниеста вечен“, напиша Бабунски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани