По стартните порази од Зенит (0-5) пред своја публика и
Розенборг (3-1) на гости, македонскиот шампион Вардар во четврток, во третото коло од
групата „Л“ од Лига Европа, на домашен терен го пречекува Реал Сосиедад од Шпанија.
Веќе можеме да ги проследиме и номинациите од страна на
Европската куќа на фудбалот и за мечот во Скопје, главен делител на правдата ќе
биде азербејџанскиот арбитар Алијар Агајев, а од тоа што можевме да го
проследиме како негов историјат, можеме да констатираме дека е среќен за
македонскиот тим.
Агајев му има судено на Вардар на гостувањето кај АПОЕЛ
на Кипар во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите за сезоната
2015/16, а тој меч заврши без голови иако Кипраните имаа целосна доминација на
мечот, за што говори и статистиката од тој натпревар.
Сепак, на реваншот во Скопје, АПОЕЛ со реми од 1-1
обезбеди прогрес во следната фаза од ова натпреварување.