Азар погоди по месец дена и го спаси Челси од пораз во 92. минута (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Два изгубени, или
еден освоен бод? Фановите на Челси имаат различен став откако нивните миленици
попладнево одиграа 1-1 на Стемфорд Бриџ против Вулверхемптон.

Гостите, кои се
на 7-то место на табелата, со одлична игра во одбраната беа на чекор до големо
изненадување откако поведоа на стартот од второто полувреме со голот на
Хименез.

Сепак, Еден Азар
погоди во втората минута од судиското надополнување. Белгиецот биеше прецизно
од врвот на шеснаесетникот за својот прв гол по месец дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×