Азар: Не е лесно да се наследи дресот на Роналдо, тој е историски

by
1 минути читање

Еден Азар добро
ја знае тежината на дресот со број „7“ во Реал Мадрид, кој претходно го носеше
Кристијано Роналдо, и тоа со големи успеси низ годините во тој клуб.

Белгиецот направи
трансфер во Реал Мадрид изминатиот летен преоден рок од Челси, а фановите се
уште се во исчекување на „репризни“ изданија од негова страна во поглед на
претходните години како член на Челси.

Да се наследи
овој дрес по Кристијано не е воопшто лесно, тој е историски
“ рече Азар во документарецот
на „Реал Мадрид ТВ“.

„Кралевите“ не
можат да се пофалат со добар старт во новата сезона, но Азар уверува дека
шпанскиот гигант ќе се бори за сите титули кои се можни до крајот на актуелната
сезона.

Ќе дадеме
максимум од себе да освоиме се
што е можно, мораме до трофеи, знам дека Лигата на шампионите е важно
натпреварување за овој клуб, тука сум да го освоиме тоа натпреварување, тоа е
важно за сите, а вклучително и мене
“ додаде Белгиецот.

Јас во моментов
ги бранам боите на најдобриот клуб во светот, се надевам дека ќе го прикажам
најдоброто од себе
“ заклучи Азар во документарецот за него на клупската
телевизија, каде за него говореа и белгискиот селектор Роберто Мартинез,
соиграчот и сонародник Тибо Куртоа, како и поранешниот соиграч од Челси, Цезар
Аспиликуета, како и неговите браќа Торган и Килијан.

Азар притоа
потенцираше дека одлуката да го напушти Челси за да премине во редовите на Реал
Мадрид ја донел уште во ланската година, но сакал да си замине од „Стемфорд
Бриџ“ на најдобар можен начин, Аспиликуета потврди за таквите намери кај Азар, додавајќи дека не доликувало на Белгиецот, познавајќи го лично, да си замине во лоши услови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×