Репрезентативецот
на „црвените ѓаволи“ е обврзан кон Челси до 2020, „Сините“ подотвуваат нов
договор и рекордна плата од 300.000 фунти, но останува да се види дали тоа ќе
биде доволно бидејќи играчот сонува за настап во Реал Мадрид.
Еден Азар не ја
крие својата желба да заигра за „Кралевите“ но во исто време вели дека нема да
го копира својот сонародник Тибо Куртоа, кој се скара со раководството на Челси
пред да се пресели на Сантијаго Бернабеу изминатово лето.
„Не го сакам тоа“
– вели Азар. „Секако дека го сакам најдоброто за мене, но во исто време го
сакам и она што е најдобро за клубот бидејќи Челси ми даде сè. Не сакам да
кажам, „Да, ќе потпишам нов договор“ и потоа на крајот да не го исполнам
дадениот збор“.
„Понекогаш кога се будам наутро во мислите ми се врти дека сакам да
заминам, друг пат пак сакам да останам. Одлуката е тешка, се работи за мојата
иднина. Имам 27 години и во јануари ќе полнам 28“.
„Реал Мадрид е
најдобриот клуб во светот. Нема да лажал. Сонувам за Реал уште како дете. Ќе
видиме што ќе се случи“.