Азар мора на операција, оваа недела заминува за САД

by
0 минути читање

Азар заработи пукнатина на зглобот за време на мечот на Реал Мадрид против Леванте минатиот месец.

За повредата комплетно да биде санирана тој мора да направи операција која веќе е закажана.

Оперативниот зафат ќе се случи во четврток во САД, а Реал Мадрид се надева дека Белгиецот ќе се врати пред крајот на сезоната.

Азар веќе пропушти три месеци од оваа сезона поради повреда на зглобот.

Неизвесно е дали уште еднаш оваа сезона е заигра за Реал Мадрид, но речиси сигурно е дека е игра на Европското првенство за селекцијата на Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×