448
Азар единствениот видлив учинок досега во Реал Мадрид го имаше на мечот против Гранада кој заврши 4-2 за кралскиот клуб, Белгиецот даде гол и имаше асистенција.
Со вишок килограми се појави на подготовките на Реал Мадрид што изгледаше шокантно. Го правите трансферот од соништата, а потоа не внимавате во кваква форма ќе пристигнете во клубот. Перформансите на Азар беа очајни на теренот, а критиките големи. Но тој не изгледа загрижено.
„Не, немам тежок период на почетокот во Реал Мадрид“, вели Азар.
„Знам дека секаде се зборува многу за Реал Мадрид, затоа сум тука, но не разбирам шпански добро, па не ги читам критиките“.