Поранешниот белгиски фудбалер, Еден Азар даде интервју за италијанските медиуми во кое зборуваше за повеќе работи, а една од нив и тренерите со кои работеше, пред се во Челси.
За Еден Азар, Мурињо е најдобриот тренер со кој работел иако има големи зборови за Сари и Коте.
„Развив посебен однос со Сари. Мислам дека неговите идеи за фудбал се многу блиски до моите. Му реков еднаш дека тренинзите му се здодевни. Тоа не беше критика, резултатите кажуваа дека тој е во право, и исто и за Конте. Антонио беше фантастичен“, рече Азар.
„А кој ми беше најдобар тренер? Тој не е Италијанец, ама могу добро го знаете. Мурињо. Тој е неверојатен комуникатор, начиот на кој размислува и реализирањето на неговите идеи е неверојатно“.