177
Еден Азар се здоби со скршеница на десниот зглоб на тренинг на белгиската репрезентација поради што му беше извршена операција. Се очекува тој со тренинзи да започне во септември, а на натпреварите да им се врати во октомври.
Тоа ќе значи дека покрај Комјунити Шилд дуелот со Арсенал, ќе пропушти уште три дерби пресметки во Премиерлигата.
Нема да игра на дуелот со Тотенхем на 19. август, ќе го пропушти натпреварот против Арсенал на 16. септември, како и дуелот со Манчестер Сити на 30. септември.