Ѕвездата на „Сините“ полека наликува на расипана плоча кога ќе се врати во Белгија за репрезентативна должност.
Едан Азар речиси во секое интервју за медиумите од неговата родна земја под знак прашалник ја става долгорочната иднина во Челси и говори за тоа дека сонува да игра под водство на неговиот идол Зинедин Зидан.
Таква беше ситуацијата и сега, кога плејмејкерот за РТЛ истакна: „Сите знаат колку многу го почитувам Зидан како играч но и како менаџер. Тој е мојот идол“.
„Не знам што ќе се случи во иднина, но секако, сонувам да играм под водство на Зидан“.
„Во моментов уживам во животот во Челси и сакам да постигнам уште неколку работи во дресот на „Сините“, па мојот фокус сега е само кон Челси“.
Последната изјава доаѓа во време кога името на Еден Азар се поврзува со Реал Мадрид како замена за Герет Бејл, кој на Бернабеу често се мачи со повреди.