Утре ќе
проследиме мега пресметка во Премиерлигата, ќе се судрат двата големи
претенденти за титулата од најсилниот англиски фудбалски шампионат сезонава
покрај Манчестер Сити, Челси на домашен терен ќе го пречека Ливерпул.
Тимот на Клоп
немаше пораз сезонава се’ до
дуелот токму со Челси на домашен терен во Лига купот, откако избраниците на
Сари го елиминираа својот ривал од тоа натпреварување, а Еден Азар постигна
прекрасен гол по една добро воиграна акција на гостите.
„Можете да го
видите тоа на теренот“, рече Азар во изјава за „The Times“ запрашан за тоа како неговиот тим одговори на
предизвикот во напаѓачката филозофија на Маурицио Сари.
„Имаме различни
фудбалери, фудбалери кои ги немавме ланската сезона, тие сакаат да ја имаат
топката во свој посед, имаме многу поголем посед споредено со претходно“ додаде
Белгиецот.
Азар вели дека
фудбалерите кои играат во офанзивата имаат бенефит од таквата игра која ја бара
Сари, тој додава дека исто како и Конте, исто и сегашниот тренер на Челси
користи повеќе тактички варијанти, а сето тоа бара максимална посветеност за
време на тренинзите.
„Офанзивните
фудбалери имаат бенефит од таквата игра, имаме повеќе допири со топката, повеќе
можности да создадеме шанси, да имаме повеќе дриблинзи, повеќе шанси за да шутираме
во противничкиот гол“ вели Азар.
„Сари е тренер
кој сака неговиот тим да ја поседува топката, тоа прави голема разлика, покрај
тоа, тој е Италијанец, исто како и претходно кога тренер беше Конте, постоеа
многу тактики, ние мораме да работиме доста напорно на тренинзите“ заклучи
Белгиецот.