Азар и Коста носат нови три бода за Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси прокнижи нови три бода, овој пат од градската пресметка против Вест Хем.

Резултатот беше отворен уште во 25. минута кога по еден брз противнапад Еден Азар постигна гол за водство на Челси од 1-0.

По пет минути игра во второто полувреме, Диего Коста се најде на вистинското место и од непосредна близина ја смести топката во мрежата на Вест Хем.

Домаќините во 92. минута предку Ланзини успеаа само да се изборат за пристоен пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани