Азар гледа голема прилика: Меси и Роналдо се веќе елиминирани, време е да блеснам

by
1 минути читање

Уругвај,
Франција, Русија и Хрватска, тоа се четирите четвртфиналисти, барем засега од
Светското првенство, а денес ќе се дознаат два нови патника во таа фаза од
Мундијалот.

Бразил – Мексико и
Белгија – Јапонија, тоа се денешните пресметки, нема сомневање дека првиот меч
ќе биде доста интересен за големите љубители на фудбалот, но, на вториот
многумина сметаат дека Јапонија нема што да бара, очигледно така
смета и првата ѕвезда на Белгија, Еден Азар, кој вели дека откако си заминаа
Меси и Роналдо од Мундијалот, време е тој да блесне.

Тие не се повеќе
на Светското првенство, па така време е да блеснам. Сакам да бидам дел од
четвртфиналето, полуфиналето, а зошто да не и финалето
“ издвои Азар

Не сум
единствениот, се разбира. Меси и Роналдо се веќе елиминирани, но се уште
постојат многу добри играчи на турнирот, ќе видиме на крајот што ќе се случи

додаде тој.

Азар во своите три меча на Мундијалот досега постигна два гола а притоа реализираше една асистенција. Прв стрелец на турнирот во моментов е Кејн со 5 погодоци, веднаш зад него се Лукаку и веќе елиминираниот Роналдо со по 4 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани