Азар: Фудбалски уметници се Зидан, Роналдињо, Меси… јас не сум

by
2 минути читање

Белгијанецот, кој
во последно време е во центарот на вниманието поради шпекулациите за трансфер
во Реал Мадрид, во разговор со Франс Фудбал говореше за фудбалските волшебници.

„Според мене,
вистински уметници се Зидан и Роналдињо, би го сместил тука и Рикелме поради
начинот на кој се движи и ја додава топката
– вели Еден Азар, кој е прв креативец на Челси.

„Секако, тука е и
Меси. Она што го прави со топката е неверојатно
.

„Не се гледам
себеси во овој ранг. Но пак, луѓето се тие кој кажуваат и прават споредби, јас
не велам дека сум уметник
.

„Јас сакам само
да им донесам радост на фановите. Луѓето кои доаѓаат на стадионите сакаат да
уживаат и да видат спектакл. На нас играчите останува да ги направиме среќни
.

„Јас сум
креативен играч уште од мали нозе, уште како дете. Тоа не се вежба. Секако,
работев напорно за да стигнам до ова ниво, но тоа е вештина која ја имам во
себе и само ја унапредувам
.

„Топката е мој најверен
пријател, се познаваме многу одамна и ја негувам како жена
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани