Азар бил во посета на тренинг центарот на Реал, веќе си подал рака со Флорентино Перез!?

by
1 минути читање

Во последно време
зачестија написите за мега трансфер на Еден Азар во Реал Мадрид.

Се говори дека
„Кралевите“ се спремни да го соборат трансфер рекордот и да искешираат 100
милиони фунти за фудбалерот на Челси да стане новиот „Галактико“.

Фран Николас од
Радиосет сега пренесува нови детали од оваа сторија, Белгијанецот во февруари го
посетил тренинг центарот на Реал Мадрид во Валдебебас.

Белгијанецот се
сретнал и со првиот човек, Флорентино Перез и постигнал пред-договор за
трансфер во Рел Мадрид.

Но ваквите
информации треба да се земат со доза на резервност, бидејќи според правилата на
ФИФА ова е нелегално.

Играч кој е под
договор не може да преговара со друг клуб без дозвола од клубот за кој
настапува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани