Автогол на Шпанската федерација: На клубовите им понуди кредит од 500 милиони кој е невозможно да се земе?!

by
1 минути читање

Топката не се
тркала на фудбалските терени поради коронавирусот, па тоа им создава проблеми
на клубовите. Приходите се стопирани, и тоа значи помали или никакви финансии за платите на
фудбалерите, но и на уште неколку стотици други вработени.

Претседателот на
Фудбалската федерација на Шпаннија, Луис Рубиалес на клубовите им понуди решение без да се избрзува со продолжување на сезоната, односно да
биде подигне кредит од 500 милиони евра, за кој како гаранција ќе бидат
ставени ТВ правата.

Но ова само
придонесе за нова војна со првиот човек на Ла Лига. Хавиер Тебас веднаш му возврати дека решението кое го предлека е невозможно
и му посочи со кој член од правилниот е забрането ова.

„Благодарност од ФФШ
за понудата до Ла Лига за „кредит од 500 милиони евра за кој како гаранција ќе
бидат ставени ТВ правата, но тоа е НЕВОЗМОЖНО. Прочитајте што пишува во
клаузулата 1а од Кралскиот декрет 5/2015 за продажбата на ТВ права“
– гласеше
пораката на Твитер.

Според оваа
клаузула, ТВ правата можат да се користат како гаранција само за плаќање на долгови
и обврски кон државата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×