Автогол на Манџукиќ: Франција поведе против Хрватска! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хрватска
дефинитивно имаше големи проблеми од прекините, тешко им се дава гол од игра, а
тоа се потврди и во големото финале против Франција на Светското првенство.

Триколорите
дојдоа до водство во 19. минута откако Гризман нафрли по еден прекин, а на
топката налета Манџукиќ кој сакаше да ја избие, но наместо тоа таа заврши во
голот каде изненаден во оваа ситуација беше Субашиќ, а тој направи максимум за
да спречи водство на Франција, но, неуспешно.

Тоа што е интересно, патот на Хрватска до финалето одеше почнувајќи со негатива од осминафиналето, до полуфиналето, но, на сите натпревари Коцкестите не само што се вратија, туку на крајот беа победници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани