Фудбалската репрезентација на Австрија фудбалска репрезентација доби дозвола од ФИФА во својот состав да ги вклучи Карни Чуквуемека и Паул Ванер за претстојното Светско првенство.
Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд и играчот од средниот ред на ПСВ Ајндховен се родени во Австрија и добија зелено светло да настапуваат за оваа селекција, иако претходно играа за младинските репрезентации на Англија и Германија.
Тимот предводен од селекторот Ралф Рангник на Мундијалот ќе биде во група со Аргентина, Алжир и Јордан.
За Австрија ова ќе биде прво учество на Светско првенство по 1998 година. Турнирот ќе го отворат со натпревар против Јордан на 16 јуни, а Чуквуемека и Ванер ќе му се приклучат на националниот тим уште овој месец за пријателските дуели со Гана и Јужна Кореја.