217
Македонскиот офанзивец Даниел Аврамовски ќе ја останува во Турција, откако денеска беше официјално потврдено дека потпишал договор со Сиваспор.
Аврамовски минатата сезона настапуваше за Игдир, откако претходно кратко време мина во Болуспор, а во 2021 година имаше и една епизода во Кајсериспор.
Во текот на својата кариера, Аврамовски беше дел од. Вардар, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена звезда, ОФК Белград, Македонија Ѓорче Петров и Работнички, каде што ги направи првите фудбалски чекори.
За сениорската репрезентација на Македонија има осум настапи, а последниот го забележа во 2021 година против Исланд во квалификациите за Светското првенство.