Аврамовски му создаде главоболки на Бишчан, Хрватот на мета на критики во Словенија

by
2 минути читање

22 годишниот
македонски интернационалец Даниел Аврамовски ова лето ја напушти Олимпија од
Љубљана, а премина во редовите на српска Војводина како позајмен фудбалер,
откако не доби адекватна прилика од хрватскиот стратег Игор Бишчан во словенечкиот
тим.

Бишчан се чини
дека направи голема грешка со талентираниот Македонец кој уште еднаш докажа
дека поседува голем потенцијал во себе, па така
Аврамовски дебитираше за Војводина со погодок на гостувањето кај Вождовац (1-1), а неговиот нов тим со
16 бодови е на четврото место по осум кола во српската Суперлига.

Сега, 39
годишниот хрватски стратег е на мета на критики низ словенечките медиуми, па „Екипа“
под насловот „Во Олимпија го немаше ниту на мапата, но тој веднаш покажа што
знае и умее по заминувањето од Љубљана
“ ги најави критиките кон Бишчан.

Игор Бишчан го
пречкрта, така тој посака, да Даниел Аврамовски да не може ниту до клупата за
резервни фудбалери да припари. Неговата потрага по нова дестинација и одлуката
во последниот ден од преодниот рок да се врати во Србија е сосема разбирлива,
претходно ги бранеше боите на Црвена Звезда, сега потпиша за Војводина
пишува словенечка „Екипа“.

Истиот медиум
додава дека се шпекулира низ Словенија дека причината поради која што
Аврамовски не добил адекватна прилика за докажување во Олимпија била наводно
поради тоа што не бил физички добро подготвен, а сето тоа се негирало со дебито
во тимот од Нови Сад.

 

Извор/Фото-вест:
Ekipa24si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани