Аврамовски доби друштво: Уште еден македонски фудбалер потпиша за Игдир

by Стефан
0 минути читање

Како и што се најавуваше, по Даниел Аврамовски кој вчера го комплетираше трансферот во Игдир, денеска стигна потврда и за Валон Етеми кој исто така ќе настапува за овој клуб.

Етеми кој има 27 години во Игдир пристигнува од Истабулспор за кој во првиот дел од сезонатао дигра седум натпревари и постигна два гола.

Покрај Истанбулспор повремениот репрезентативец на Македонија го носеше дресот уште на Коњаспор, Кукс, Адриаку, Ренова и Динамо Тирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани